ГОДОМИН е фамилијарна компанија во приватна сопственост основана 1992 година. Основна дејност на компанијата е производство на работна и заштитна облека за сите професии. Од 1992 година па до денеска успешно опстојува благодарение на нашата посветеност пред све на квалитетот. Во текот на изминатиот период имаме воспоставено квалитетна и успешна соработка со повеќе приватни компании и државни институции. Производниот капацитет на компанијата изнесува 7000 парчиња месечно, опремен со сите потребни машини за задоволување на изработка на квалитетен производ. Производниот процес го изведуваат работници со висок профил на стручност и искуство, моделар со долгогодишно работно искуство како и дипломиран машински инженер одговорен за одржување и обновување на производствениот капацитет. Административниот дел го раководи дипломиран финансиски менаџер како и комерцијалисти одговорни за односи со коминтентите.
Годомин - префинети и професионални работни облеки
Привлечни и комфорни
За сите чија што работна облека бара комфор како и добар изглед. Можноста да се движиш слободно додека работиш е важна исто како и да изгледаш убаво. Одбирајќи го ГОДОМИН сте одбрале компанија која што ке ви го овозможи тоа.
Годомин - облека во која се чуствувате добро
Облеките на ГОДОМИН се комфорни, репрезентативни и особено познати по:
• крој, дизајн
• квалитет, издржливост на облеката во долг период
• разновидност
• загарантирана и континуирана набавка
Ваш дизајн
Во ГОДОМИН можете да бирате помегу разни стилови и дизајни кои можат меѓусебно да се комбинираат. Со цел вашите вработени да бидат препознатливи, вашето лого може да биде извезено на облеката. Исто така можете да оставите концептот на изгледот на вашата облека да го предложиме ние. Во тој случај можете да сметате на креативноста и експертизата на нашите дизајнери. За време на дизајнирањето, обрнуваме посебно внимание на функционалноста, комфорноста и односот цена-квалитет.
Наша услуга
Детална и внимателна подготовка.
Работната облека треба да ја надополнува вашата организација и вработените. Од тие причини, посветуваме посебно внимание на подготовката. Со таа цел, ние нудиме презентации и совети за типови на материјали и план за изработка.За време на процесот на подготовка, ги користиме основните напатствија кои гарантираат успех во секој проект од А до Ш.
Континуитет и подршка
Работната облека е инвестиција: од тие причини, ние гарантираме повторна набавка на истата во долг период.
МОЖНОСТИ
Изработка по мерка
ГОДОМИН облеката ја изработува во сите стандардни големини. Но е можно и да се направи облека по нарачка како и вон стандардниот производен програм.
Во можност сме да ви понудиме голем број на комбинации од нашите модели на работна и заштитна облека. Со цел да вашиот работна и заштитна облека има модерен изглед и други квалитети како што се практичност, функционалност секогаш прилагоедн кон вашите критериуми и барања. Нашиот тим секогаш ќе ви помогне да ги изберете соодветните броеви, материјаливо зависност од намената на облеката – хотелиерство, угостителство, транспорт, индустрија, медицина, трговија, како и останати услужни дејности.